Малолетник од Кисела Вода бил каснат од улично куче во текот на вчерашниот ден. Случајот во полиција го пријавила мајката.
– На 25.09.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С.(38) од Скопје пријавила дека на бул.„Србија“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.