НБА кошаркарот Дерик Роуз ја заврши својата кариера на 35-годишна возраст. Најмладиот МВП во историјата на лигата 15 сезони играше во НБА лигата.
Пред неколку дена Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис каде беше во изминатите неколку сезони, а сега е јасно дека тоа се случи бидејќи планираше да ја заврши кариерата.
Роуз беше избран како прв пик на НБА драфтот во 2008 година од Чикаго Булс, и веднаш тргна да доминира во лигата.
Момчето од Чикаго стана МВП на лигата во 2011 година, кога се уште нема полни 23 години.
Три пати беше Ол-стар, еднаш беше дел од најдобриот тим на сезоната, но неговата кариера за жал ја обележа тешка повреда на коленото, поради која повеќе никогаш не се врати на нивото од МВП сезоната.
Тој сепак успеа да ја оживее својата кариера откако замина од Чикаго играшше за Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс, Минесота Тимбервулвс Детроит Пистонс и Мемфис Гризлис.
Во 2018 година во дресот на Минесота против Јута Џез успеа да забележи рекорд во кариерата од 50 поени.