Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија откако буквално ја победи убедливо првата носителка, Пана Удварди од Унгарија.
Удварди е на 135. место на ВТА листата, но Лина Ѓорческа денеска имаше маестрален ден, загуби само три гема од фаворитката и прелесно ја победи.
Првиот сет беше перфектен за Лина, Македонката го доби со 6-0, во вториот беше 6-3. Мечот траеше само 50 минуи.
Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија која е на 252. место на ВТА листата.