Како што пренесуваат бугарските медиуми поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Марио Балотели преговара со екипата на ЦСКА од Софија.
Овој клуб вложи многу пари во новата сезона, а сега сака да го доведе најзвучното засилување.
Марио Балотели е слободен играч откако му истече договорот со турскиот суперлигаш Адана Демирспор.
За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 14 голови. Тој беше вицешампион на Европа во 2012 година со Аѕурите.