Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија.
„Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека очекува плодни разговори и заеднички иницијативи.