„Тоа што го констатиравме досега е дека ВМРО-ДПМНЕ, а не друга партија, прави дестабилизација, провокација, влошување на меѓународната позиција на земајта, влошување на билатералните односи со соседите, влошување на безбедносната состојба на границата со Косово, огромен број на убиства коишто не се расчистени“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5.
То јдодаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја за да се зголемат платите, а единствено нешто со кое што се фалат се инвестиции кои ги договорила претходната влада.
„Мора да им се признае и за два проекти кои се нивни автентични и тука треба да им се честита. Тоа е враќањето на споемникот на Ќосето и враќањето на оградата на Владата. Тоа се навистина проекти коишто се автентични на ВМРО-ДПМНЕ и тоа го направија како што треба“ рече Филипче.