Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка, во текот на денешниот ден, како и утре (сабота) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на сосема мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.
И во Скопскиот регион ќе имаме слично време, односно стабилно, суво и сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, во Скопје максималната тењмпература ќе се искачи до околу 32 степени.