Кон крајот на месец април бев контактирана од наш сограѓанин да му дадам дозвола да организира хуманитарни спортски натпревари на кои се собираа средства за моето лекување. Како на сите други повици за различни иницијативи со иста цел, да ми се помогне, дадов согласност и за овој кошаркарски турнир, пишува на Фејсбук, Дијана Димчевска Наумоска.
Во нејзиниот статус понатаму стои:
Пет месеци подоцна лицето ми има дадено само 500€, а доколку само дел од моите сознанија се точни, има земено многу повеќе.
Не само од наводните спортски натпревари туку и барајќи пари за мене од човек на човек, од врата на врата, од фирма до фирма…
Меѓу луѓето кои дале има и моја фамилија, познаници… кои лично ми се јавија за да ме известат.
Низ месеците мислев дека сето тоа е завршено, но тој продолжувал да собира пари во мое име.
Ова го објавувам со цел да не бидите измамени!
Доколку сите овие информации што стигаат до мене се вистините, можам да кажам дека:
Ова младо момче, наш сограѓанин
ВЕ ЛАЖЕ дека ми помага
ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА мојата болест
ВРШИ ИЗМАМА низ градот и околните села!
Јас сакав само да објавам за сите кои донираа преку него, да знаат каде завршиле нивните пари, а Господ си го има својот суд понатака.
Доколку сакате да помогнете за моето лекување, тоа може да го направите со донирање на мојата жиро сметка 200002512150321-Стопанска банка АД Скопје или преку апелите кои се споделени од моја страна. Ви благодарам на сите ♥️