Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложба по повод 140 години од раѓањето и 100 години од убиството на Арсениј Јовков.
Како што е најавено, на настанот во Музејот, под наслов „Арсениј Јовков за Македонија со пушка, перо и објектив” ќе се обрати претставник од Институтот за национална историја, а ќе се промовира поштенска марка издадена од АД Македонска пошта со ликот на Арсениј Јовков. Исто така, ученици матуранти од СУГС „Арсениј Јовков“ од Скопје ќе читаат творби за патронот на учулиштето.
Настанот е организиран од Институтот за национална историја, со поддршка на членовите на семејството на Арсениј Јовков.