Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна. Родител чија ќерка учи во ова училиште за Телма изјави дека повеќе нејзини соученици се со болки во стомакот и обилни дијареа и повраќање.
За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што превентивно е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни инситуции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујнатра во училиштето.
По информацијата за отсутво на поголем број ученици од прво до трето одделение во интерес на заштита на децата денс топол оброк не се служи односно кујната не работи, Училиштето пријави веднаш во Агенција за храна и ветеринарство како и во Центарот за јавно здравје. Чекаме за понатамошно дејствување. За сите преземени дејствија ќе бидете навремено известени, пишува во дописот од директорот на училиштето Александар Филипчев.
Со реакција за случајот се огласија од ДСЗИ. Од таму ја информираат јавноста дека кај нив за можното труење е пријавено денеска телефонски од страна на раководител на одделението за епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје од каде биле информирани дека поголем број деца се жалеле на стомачни болки.