Сушените јаболки, особено нивната лушпа, се неопишливо здрави – потврдуваат научни студии.
Едно истражување на американскиот универзитет во Вашингтон покажал дека сушените јаболки имаат неверојатно големо значење во сочувувањето на нашето здравје и виталноста на организмот. Некои од најзначајните користи на сушената лушпа од јаболко е нејзиното позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем, ги штити крвните садови, влијае на нормализацијата на лошиот холестерол и крвниот притисок, а го чува и срцевиот мускул.
Исто така студијата покажала дека сушената јаболка многу поволно влијае на симптомите на менопауза, ублажувајќи ги. Сушената јаболка поволни резултати покажала и кај губењето на вишокот килограми, затоа што жените кои учествувале во студијата губиле околу 2 килограми неделно, и покрај тоа што сушеното овошје има високо ниво на шеќер.
Уште една корист од сушената кора на јаболка е намалувањето на воспалителните процеси во организмот, што докажува дека јаболката во овој облик поседува силни антиинфламаторни својства. Експертите препорачуваат дека оптималниот внес на сушени јаболка е околу 75 грама дневно, со цел да постигнете поволен ефект за здравјето.
Така, не само што можете да ја користите како здрава ужинка за грицкање, туку ова чудесно овошје ќе ви помогне во превентива на многу заболувања, но е и природен лек и стабилизатор за бројни состојби во вашиот организам.