Сите ние сме навикнати да переме патики во машина за перење, но многу луѓе не знаат дека можете да перете и некои чевли – по можност платнени или вештачка кожа. Кожните чевли не се препорачува да се перат во машина, освен ако веќе се истрошени и не ви пречи ако дополнително се оштетат.Посебно можете да го пробате со чизми од велур, под услов да немаат дебела постава.
Не перете класични кожни чизми или чевли со високи потпетици.
За почеток, важно е прво добро да ги исчистите обувките со сунѓер – особено стапалата и нивните рабови. Со магичниот сунѓер темелно исчистете ги од страните. Потоа ставете ги во заштитна мрежа и планирајте да го наполните барабанот со некои постари крпи кои ќе ги ублажат ударите при вртење.
Изберете блага програма и не користете топла вода,вклучете дополнително плакнење за да ги отстраните остатоците од сапуница. Додадете само мала количина детергент, доволна за мала количина алишта и избегнувајте омекнувач.