Седумгодишно момче е убиено во државата Утар Прадеш во северна Индија за време на ритуално принесување жртва за да му „донесе среќа на своето училиште“, поради што се уапсени пет лица, меѓу кои таткото на момчето и директорот на училиштето во кое тоа одело.
Телото на момчето било пронајдено во угостителскиот објект каде што живеело во Хатрас, во близина на Таџ Махал на северот од земјата, изјави полицискиот службеник Брам Синг, јави денеска француската телевизија БФМ.
Покрај таткото на момчето и директорот на училиштето, уапсени се и тројца наставници. Како што соопшти полицијата, сите уапсени го признале делото и се во притвор.
„Момчето требаше да биде запалено на клада како дел од ритуалот, но е убиено пред да заврши ритуалот“, прецизира локалната полиција.
Директорот на училиштето е осомничен и дека имал намера да го изврши истиот ритуал врз друго дете.
Индискиот Национален завод за статистика на криминални дела забележа 103 ритуални убиства во земјата од 2014 до 2021 година.