Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура и денеска од 10 до 16 часот ќе биде отворен за јавноста.
За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница насловена „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот.