На 27.09.2024 во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво”.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.