Фахрије Евџен е една од најубавите турски актерки, а жените и завидуваат не само поради изгледот, туку и нејзиниот сопруг во кој многумина беа вљубени – Бурак Озчивит, кој се прослави благодарение на улогата на Бали-бег.
Двајцата уживаат во среќен брак, а Фахрије гордо ја покажува својата блескава фигура на новите слики на Инстаграм.
Актерката е позната и по својата фантастична трансформација по раѓањето на нејзиниот син, кога ослабе 12 килограми благодарение на едноставна диета.
Фахрије во исхраната избегнува бело брашно, шеќер и сол, а нејзиното правило е да не јаде после 20 часот.
Секој ден јаде свежо подготвени оброци кои претежно се состојат од зеленчук, а задолжително пие околу 2 литри вода.
Главниот пијалок е сокот од магдонос, кој сопругата на Бали бег наводно го пие секој ден. За него ви требаат еден врзоп магдонос и половина лимон. Магдоносот убаво измијте го и исцедете го, па ставете го во блендер, додадете децилитар ладна вода и убаво изблендирајте. Сега додадете уште еден децилитар вода, измешајте и процедете. Зачинете со сок од половина лимон, а ако вкусот е премногу силен, разредете го со вода.
Фахрије ужива и во спортувањето, а освен пешачење, трчање, пливање и скијање, сака да се занимава и со пилатес.
„Доволно би било да трчам по децата“, вели убавата Фахрије.