Кошаркарската федерација Македонија (КФМ) го објави местото каде што македонската машка кошаркарска репрезентација ќе ја пречека големата Литванија во квалификациите за ЕП 2025, меч кој дефинитивно ќе се игра во Скопје.
Првиот човек, Перо Антиќ, потенцира дека нивна желба беше средбата да се игра во реновираната сала во Куманово, која до тогаш ќе биде отворена, но е без решение за греењето.
„Желбата на сите ни беше да ја пробаме новата сала во Куманово. Но, таму има проблеми со греењето. Пробавме со „Борис Трајковски“, но не добивме ниту одговор на телефонскиот повик. Моравме да пријавиме сала за што рокот беше до вчера, па затоа решивме да ја пријавиме Кале“, изјави Антиќ.
Македонија ќе ја пречека Литванија на 21 ноември во третиот дуел од квалификациската група Х, во која уште се Естонија и Полска.