Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, рече дека повеќе од 50.000 Либанци и Сиријци кои живеат во Либан сега преминале во Сирија бегајќи од израелските воздушни напади. „Повеќе од 200.000 се раселени во Либан“, додаде тој во објавата на X.
Агенцијата на ОН за бегалци соработува со сириската влада и партнерите за да се забрза обработката на оние што пристигнуваат. Официјални лица рекоа дека Сирија им дозволува на либанските државјани да влезат на неодредено време се додека имаат некакви документи на кои се гледа нивното име.