Вандализам во Драчево: Уништена е иконата на Исус Христос на крстот поставен во големиот парк

Големиот парк во населба Драчево е мета на вандализам. Поточно, иконите кои се наоѓаат на големиот крст кој од скоро е поставен во паркот во Драчево.

Уништена е иконата на Исус Христос, конкретно уништен е ликот на големиот Исус, а оставена е книгата Куранот.

Сторителите сеуште не се најдени, но граѓаните бурно реагираат за ова дело, предупредуваат, кој и да го сторил ова скапо ќе плати, се само дел од реакциите споделени на социјалните мрежи.

(Љ.Ј)

Треба да знаете
Последни објави