Прегазен пешак во Скопје, пренесен во болница со тешки телесни повреди

На 28.09.2024 во 05.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локалниот пат кој ги поврзува с.Зелениково и населбата Драчево, во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од с.Зелениково-скопско, удрило во пешакот М.М.(64) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

реклама

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави