Вандалски чин ги вознемири жителите на скопската населба Драчево. викендов, непознати сторители ја оштетиле иконата на Исус Христос, поставена на крстот кој се наоѓа во големиот парк во населбата, а до иконата оставиле примерок на Куранот. Граѓаните и верниците се револтирани и бараат најостра казна за вандалите.
Големиот крст во населбата Драчево беше осветен пролетва, на верскиот празник Цветници. Од МВР соопштија дека вандалскиот чин е пријавен денес и дека преземаат мерки за откривање на лицата кои ја уништиле иконата.