Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат Светскиот ден на срцето со активност за потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста.
Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања.
-Споделувајќи ја важноста на здравите навики се стремиме да ја зголемиме свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања во нашата заедница и потребата од поголемо учество на пациентите и јавноста во изготвување на национален план за подобро кардиоваскуларното здравје, порачуваат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија.