Денеска остварив координативна средба со претставници на кабинетот на претседателот на Влада, кабинетот на министерот за добро владеење, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи и со Министерството за енергетика и рударство, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
„Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели. Посветено исполнуваме уште едно ветување“, напиша Томовски.