Билтенот на МВР вчера изобилува со информации за дури четири случаи на семејно насилство во Скопје, но и во Штип и во Гостивар.
На 29.09.2024 во 18.23 часот во СВР Штип, 43-годишна жена пријавила дека околу 17.00 часот во нејзиниот дом во Штип била физички нападната од нејзиниот брат И.К.(40) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во с.Визбегово, скопско, со закана со остар предмет и физичка сила од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца. Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.
Денеска (30.09.2024) во 02.15 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека на 29.09.2024 околу 18.00 часот во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 27.09.2024 околу 13.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А.Ф.(34) од Скопје, кој притоа искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.09.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријавила дека околу 12.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С.(34) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” во врска со семејно насилство. На 31.08.2024 пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што и нанел телесна повреда.