Полициски службеници вчера во 09 часот го лишиле од слобода 51-годишниот Б.Б. од село Василево, струмичко, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.