Аеродром „Орио ал Серио“ затворен по пукнатие на гума при слетување на авион на „Рајанер“
Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гумата на авионот на летот на компанијата „Рајанер“, соопшти управата на аеродромот. Среќом, никој од патниците на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, известува агенцијата Анса.
Пожарникарите на аеродромот веднаш интервентираа и помогнаа во евакуацијата на патниците, осигуравајќи нивната безбедност. Управата на аеродромот работи на решавање на ситуацијата и повторно отварање на терминалите. Патниците се советуваат да се информираат за статусот на своите летови.