Иранските медиуми јавија дека армијата врши ракетен напад врз Израел.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека лансирала десетици проектили кон Израел и предупреди дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“, пренесува иранската државна телевизија.
Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми.
Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми.
Дел од израелските медиуми јавија дека од Иран кон Израел се лансирани повеќе од сто проектили.