Вчера во 09.55 часот во полициска станица во Битола било пријавено дека во куќа во с.Поешево, битолско, бил пронајден починат С.К.(75) од Австралија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.