Не една туку оштетени се дури три икони поставени на крстот во Драчево.
Во СВР Скопје е пријавено дека во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, во периодот од 28 до 30 септември со остар предмет се оштетени три икони кои биле поставени на крстот во паркот.
Увидна екипа од Полициската станица Драчево била на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од она што вчера го објави полицијата, покрај уништените икони оставена била и една копија од Куранот.
Големиот крст во населбата Драчево беше осветен оваа пролет, на верскиот празник Цветници.