Интегрален текст од соопштение на Левица
Денес, 1-ви октомври 2024 година, во т.н. Струшка соба на Собранието на Република Македонија пратеникот Амар Мециновиќ оствари официјална средба со европратеникот и поранешен лидер на шведската Лева Партија – „Vänsterpartiet”, Јонас Сјоштед – во серијата состаноци се приклучи во придружба и раководителката на Центарот за меѓународна соработка на Левица, Евгенија Станкоска.На оваа прва официјална средба се разговараше за иднината на левицата во Европа и за можностите за јакнење на сојузите во рамките на Европската Левица во Европскиот парламент. Дополнително, се дискутираше за тековната политичка ситуација во Македонија и за можностите за соработка меѓу Левица и шведската Лева Партија како идеолошки сродни партии.
Сјоштед ги сподели своите искуства од работата во Европскиот парламент и начинот на кој шведската „Vänsterpartiet” придонесува во обликувањето на левите политики на европско ниво. Од македонска страна, беше нагласено значењето на формирањето сојузи помеѓу левичарските партии низ Европа, особено во контекст на можните идни преговори за влез на Македонија во ЕУ.
Оваа средба отвора нови можности за градење силни врски меѓу левичарските движења низ Европа. Левица се надева дека со воспоставувањето на овие односи, ќе се зацврстат идните сојузи во борбата за заеднички вредности и праведно општество, како дел од левичарската визија за Европа.