„Мицкоски ветуваше професионална администрација, мерит систем, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција. Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди. Досега, не исполнија ништо овие ветувања. А неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 години влада.
Тој додаде дека добивме Влада од која слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.
„Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“ рече Филипче.
Тој додаде дека за прв пат по седум години платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари, како и дека нема покачување на минималната плата, која би изнесувала 450 евра доколку СДСМ беше на влст.
„Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместа 12% кои ги планирапе СДСМ. Се случува целосна деградација на работниците и нивните права. За жал, се враќа политиката на евтина работна сила“ рече Филипче.