Борусија Дортмунд го понижи Селтик во Лигата на шампионите и му нанесе еден од најтешките порази во неговата историја, бидејќи „милионерите“ вечерва броеја до седум.
Германскиот тим беше немилосрден од самиот старт и најави дека не планира да ја тргне ногата од педалот за гас, па гостите од Шкотска примија пет гола уште во првото полувреме.
Адејеми постигна хет-трик и беше херој на натпреварот, но во првото полувреме во листата на стрелците се запишаа и Емре Џан и Гираси. Почесниот гол за Селтик го постигна Маеда, но тука не заврши хоророт за гостите, кои во продолжение примија уште два гола.
Гираси со својот втор гол зголеми на 6:1, а конечните и историски 7:1 ги постави Нмеча во 79-та минута од мечот во Дортмунд.
Покрај Борусија, убедливи победи вечерва остварија и Барселона, Интер и Манчестер Сити, односно тешки порази претрпеа Јанг Бојс, Црвена Звезда и Слован Братислава.
Барселона славеше со 5:0 на домашен терен, Интер ја преслуша Звезда со 4:0, додека Сити како гостин славеше со истиот резутлат во Словачка.