Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во одлична формаи бележи добри резултати, но никако не може да излезе од „сенката“ која виси над него поради големиот допинг-скандал.
„Не знам дали треба да докажувам некому, но јас вистински живеев во немир. Имав многу непроспиени ноќи и бев на прагот на депресија. Се борев со сите тешки моменти, затоа што знам дека не сум виновен. Ова не е ситуација во која би сакал да бидам, тоа треба на сите да им е јасно. Сакам да се потсетувам дека не направив ништо лошо и се надевам дека ќе успеам да ја оттгрнам оваа дамка од мојата кариера.
Моите најблиски точно знаат колкава жртва имам вложено за да бидам на врвот“, изјави Синер.