Македонското собрание денеска со одлука го назначи Борис Кондарко за нов претседател на Државната изборна комисија. Ова се случи смената на власта, а во согланост на предизборното законодовство кое предвидува за претседател на ДИК да биде член на опозицијата.
Со новата одлука, Борис Кондарко, кој беше досегашен член на ДИК, е избран за претседател на Комисијата на предлог на СДСМ. За потпретседател е именуван Абдуш Демири од Беса. Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така продолжува да биде дел од ова највисоко изборно тело.
Дополнително, Собранието донесе одлука за распишување на оглас за избор на двајца нови членови на ДИК, наместо Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој е назначен за заменик-генерален секретар на Собранието, и Радица Ристеска (СДСМ), која заминува во пензија. Огласот ќе биде отворен осум дена по објавувањето во Службен весник.