Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство за медицинските лица кои утрово загинаа во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп.
„Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе. Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница Плодност од Битола. Загубивме луѓе кои посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството. На семејствата, блиските и колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава“ се наведува во објавата.