Американска бомба од Втората светска војна, која беше затрупана под такси патеката експлодираше на јапонски аеродром.
Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 летови, но нема повредени, соопштија јапонските власти.
Во моментот на експлозијата на аеродромот Мијазаки во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.
Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.
Видео снимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на сообраќајницата, наводно, со дијаметар од околу 7 метри и длабочина од 1 метар.
🌐 Breaking News: Explosion at Miyazaki Airport? ✈️💥
This morning, an explosion was reportedly captured on the information camera at Miyazaki Airport at 7:58 AM, sending plumes of dust into the air.
The airport office has confirmed that a sinkhole was found on the taxiway… pic.twitter.com/LPwA0VKsPp
— Currently JAPAN (@Currently_JAPAN) October 2, 2024
Аеродромот Мијазаки бил изграден во 1943 година како полигон за обука на поранешната Империјална јапонска морнарица, од која некои од пилотите камикази полетале во самоубиствени мисии.
Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.
Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија.