Согласно одобрението за време на измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смовица.
На 01.10.2024 година од 10.30 часот на Р-1102 од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, поради изведување градежни работи сообраќајот е во целосен прекин и истиот се пренасочува преку автопатот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.