Преку социјалните мрежи претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова даде поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе.
„Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо закрепнување за целата заедница. Останете силни“, напиша Сиљановска Давкова.