Откако неколку општини во Босна и Херцеговина беа погодени од поплави, здружението Помози.ба (pomozi.ba) почна акција за собирање пари, кои директно ќе одат за помош на тие подрачја и за само неколку часа собраа повеќе од 170.000 KM, јавија сараевски медиуми. Акцијата е се уште во тек и најголем дел од донациите дојдоа со јавување на бројот 17039, како и директно на веб-страницата каде има и информации за тоа како да се донира од странство.
Утрово катастрофални поплави зафатија голем дел од Босна и Херцеговина. Според најновите информации, бројот на жртвите е најмалку 20, а потрагата по исчезнати лица се уште трае. Најпогодени се општините Кисељак, Фојница, Јабланица, Коњиќ и Крешево.