Судењето за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес е одложено поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој е хоспитализиран на Клиниката за нефрологија во Скопје. Основниот кривичен суд Скопје извести дека расправите закажани за 7 и 9 октомври 2024 година се откажани, а судењето ќе продолжи на 14 октомври 2024 година.
На следното рочиште се очекува да сведочи мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска. Обвинетите, меѓу кои и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, на првото рочиште изјавија дека не се виновни.