Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во општина Нереж во областа Вранча на длабочина од 104 километри, нешто пред четири и пол часот наутро.
Според граѓаните на Бугарија во ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во оваа земја.
Засега нема информации за повредени или материјална штета