Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши 11 напади врз јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, што е бастион на Хезболах.
Нападите беа извршени врз предградието Дахија, а мета на нападите беше Хашем Сафиедин, наводниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала. Не е позната судбината на Сафиедин.
Тоа беше еден најсилен напад од 23 септември откако ИДФ ги интензивира нападите врз цели во Либан.
Според Министерството за здравство на Либан во изминатите 24 часа во израелските напади загинале 37 луѓе, а 151 се повредени, а од 23 септември убиени се приближно 1,000, а 1,2 милиони луѓе се раселени.
И Хезболах синоќа истрела низа ракети вез воена индустрија во заливот Хаифа на брегот на Средоземното Море. Додека во борбите со Хезболах во јужен Либан загинаа најмалку девет израелски војници.