Франческо Бањаја е победник на спринт трката на Јапонското ГП во Мотеги.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот во исклучително интересна трка стигна до триумфот и ја намали разликата во вкупниот пласман во однос на Хорхе Мартин.
Италијанецот славеше пред сонародникот Енеа Бастианини и Шпанецот Марк Маркез. Лидерот во шампионатот Мартин ја заврши трката на четвртата позиција.
Пред последниот круг Бањаја имаше голема предност, но потоа наеднаш почна да попушта. Во последниот свиок и Бастианини и Маркез имаа можност да нападнат но Италиајнецот успеа да ја зачува предноста и да слави
Трагична фигура на спринтерската трка е младиот Педро Акоста (ГасГас КТМ), кој имаше голема предност до четири круга пред крајот, но ја загуби контролата контрола над мотоциклот и паднал.
Мартин сега води во генералниот пласман со 372 бода, 15 повеќе од Бањаја. Бастианини е трет со 300, додека Марк Маркез е на четвртото место со 295.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела во 7 часот по средно европско време.