Циклонската активност над Македонија во изминатите 24 часа услови обилни врнежо од дожд во поголем дел од Македонија. Најмногу дожд до 8 часот утринава наврна во Лазарополе и во Пожаране, дури 65 литри дожд на м/2.
Во Крушево и Прилеп утринава е најсвежо со 11 степени, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 17 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утринава, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, викендов и понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност, па така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, локално пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.