Силно невреме поладневно зафати делови од Хрватска. Особено лошо беше во Подгора каде за нешто повеќе од еден час наврнаа дури 140 литри дожд на метар квадратен. Дождот се уште не престанува, а сите расположливи сили се на терен.
Пороите ги поплавија улиците и шеталиштата, дворовите и подрумите. Според неофицијални информации, пороите фрлиле неколку автомобили во морето.
Над Корчула, Хвар и Пелешац постојано се формираат нови облаци со грмежи.