Утрово околу 4 и 30 часот возило излетало од коловоз и паднало во река во гостиварското село Беловиште, информира ЦУК.
Како што наведува ЦУК во соопштението, интервенирала Противпожарната единица на Гостивар со едно возило и четири пожарникари.
Сите луѓе биле извлечени од возилото. Едно лице кое било сопатник е телесно повредено и пренесено во гостиварската болница.