Договор на Пеп Гвардиола со тимот од „Етихад“ истекува на крајот од сезоната, а клубот во моментот се соочува со проблеми поради 115 обвиненија поврзани со финансискиот фер-плеј.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола веќе е пред договор за нов предизвик. Според најавите ќе биде нов селектор на Англија.
Во Манчестер Сити се надеваат дека ќе успеат да го убедат Гвардиола да потпише нов договор, но шпанските медиуми тврдат дека тој веќе ја донел својата одлука.