Одличен настап на македонските репрезентативци на Балканското Првенство во џудо за јуниори во Тирана, Албанија.
Бронзен медал за нашата земја освои Ива Богдановска, а Анамарија Стојмиловска се најде на петтото место.
Богдановска во борбата за бронзата беше поуспешна од репрезентативка на Грција.
Стојмиловска беше само на чекор до медал, но во борбата за трето место беше поразена од турска репрезентативка.
Солиден настап имаа и другите наши репрезентативци Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески, но не успеаја да остварат повисок пласман.
Како што информираат од Џудо Федерацијата на Македонија в недела на Балканското првенство претстојат настапот на репрезентативката Борјана Поп Атанасова како и натпреварот во микс тим.