Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски на својот X профил објави нова измама поврзана со екс претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Нова измама, не наседнувајте!!! На Телеграм и се појави наводен официјален канал на Д. Трамп на кој се нудат наводно од него издадени сребрени монети кои доколку ги купите за кратко ќе достигнеле астрономска вредност. Некој ме зачленил во Телеграм групата. Повеќе од очигледно е дека станува збор за измама. Не наседнувајте!!! Не е лошо МВР или некој друг да го испита случајот и да даде навремено предупредување, затоа што на повидок е најверојатно нова Conti шема“, вели Славевски.