Престижниот магазин за патувања Conde Nast Traveller’s Readers’ Choice Awards ги прогласи најпријателските земји во Европа. Тие рангираа десет земји низ континентот врз основа на тоа колку читателите сметаат дека се добредојдени.
Австрија се најде на првото место како најпријателска земја.
Постигнувајќи импресивни 93,88 од 100 поени, Австрија го надмина минатогодишниот шампион Ирска. За ова придонесе Lebensgefuhl – свесноста за животот – бидејќи локалното население ја цени уникатната убавина на Австрија и ги кани другите да уживаат во неа.
На второ место е Ирска, додека на третото место се наоѓа Хрватска. Од регионот на листата на најпријателски земји може да се забележат и Грција и Турција.
10 најпријателски земји во Европа
- Австрија
- Ирска
- Хрватска
- Португалија
- Грција
- Исланд
- Швајцарија
- Турција
- Шпанија
- Франција
Претходно, главниот град на Австрија, Виена, исто така беше прогласен за најдобар град за живот во светот според Глобален индекс за услови за живот на Економист втора година по ред.